619
Специјалното јавно обвинителство бара мерки за претпазливост за уредничката на „Вечер“, Ивона Талевска за случајот „Тифани“.
Доколку, судот и одреди таква мерка, тоа значи дека обвинетата мора да се јавува повремено на одредено службено лице или кај надлежен државен орган, како и одземање на патната исправа.
Случајот „Тифани“ е за затајување данок против едно физичко лице, управител на „Смарт Центар“ ДООЕЛ и „Смарт груп“ ДООЕЛ. Правните лица го оштетиле буџетот за 37 илјади евра, а осомничената за 16 илјади евра. Во 2014 година сопственик на фирмата „Смарт груп“ ДООЕЛ била мајката на Ивона, Лимба Талевска.