Реакција на ДПМНЕ: Алаѓозовски да го реализира ветеното наместо да критикува

by fokus

ВМРО-ДПМНЕ реагираше на соопштението на СДСМ во кое партијата обвини за негрижа кон културното наследство во изминатите 11 години и го повика министерот за култура Роберт Алаѓозовски да почне со работа и реализирање на ветеното наместо, како што пишува во реакцијата, напразно да зборува, да се расшетува по институции и да бара мани за да критикува што не било направено.

„СДС е единствена партија во Европа која јавно кажа дека ќе руши споменици кои секаде се дел од културното наследство. Лицемерно е кога СДС зборува за идентитетот и националните и државните интереси, кога граѓаните знаат дека СДС не презел ниту еден чекор во нивно зачувување, туку во континуитет од минатото до денес само ги распродава за власт дадена на одреден период.

Нашата Влада направи најмногу за културата во Република Македонија од независноста до денес – од инвестиции во нови културни проекти и објекти до конзервации на културно-историски добра.“, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата велат дека тоа е факт кој Алаѓозоски не може да го негира, затоа наместо да глуми опозиција треба да се фати со работа продолжувајќи го успешниот тренд на развојот на културата.

Поврзани новости