СЈО бара директорот на УБК повторно да биде казнет

by fokus

Специјалното јавно обвинителство бара по вторпат да биде казнет директорот на УБК, Владимир Атанасовски, за недоставување на потребните податоци на обвинителите, дознава Макфакс.

Претходно, Атанасовски, како прв човек на Управата за безбедност и контраразузнавање беше казнет со парична казна од 2500 евра за несоработка со обвинителите.

Според информации на Макфакс, директорот до СЈО доставувал дописи во кои само пишува дека постапува согласно Законот.

Поврзани новости