Лекарка најдена мртва во близина на Клиничкиот центар, била избодена во вратот

by fokus

Педесет и тригодишна докторка синоќа била пронајдена мртва, во кругот на Клиничкиот центар, а на телото имала бројни повреди од нож, односно имала убодна рана во пределот на вратот, исечени вени и повреди во пределот на рацете.

Безживотното тело на докторката Ј.М.С. која работела на Клиниката за нефрологија но и била професорка на Медицинскиот факултет го пронашол случаен минувач, околу 21 часот.

Од МВР велат дека се врши увид на местото каде била пронајдена жртвата и најавија повеќе информации подоцна денеска.

Поврзани новости