СЈО бара Чавков да сведочи за „Тортура“

by fokus

Љубе Бошкоски не се жалеше за постапувањето во затворот „Скопје“, каде што беше во притвор, но имаше поплаки при постапувањето на полицијата при неговото апсење. Ова на денешното рочиште за случајот „Тортура“ го изјави Кирил Ефремовски, вработен кај Народниот правобранител.

-По добиени сознанија за состојбата на Бошкоски беше формиран предмет кај Народниот правобранител, по што беше извршен увид во затворот. Имаше поплаки при постапувањето на полицијата при неговото апсење. Не сакаше да разговара за деталите но посочи дека ги пречекориле овластувањата, се однесувале грубо, го пцуеле и ми се заканувале, рече сведокот.

Тој појасни дека бил отворен посебен предмет за полициското постапување, кој го водел негов колега.

На наредното рочиште на 10 мај ќе бидат сослушани уште неколку сведоци, меѓу кои и екс министерот Митко Чавков. Тој ќе треба да биде спроведен од затворот „Скопје“ каде што се наоѓа во притвор по пресудата за „27 април“.

Во случајот „Тортура“  за нечовечко апсење на Бошкоски обвинет е едк директорот на УБК, Сашо Мијалков и уште неколку полициски припадници.

Поврзани новости