Сите за правично судење: И другите судови да го следат примерот на велешкиот суд

by fokus

Сѐ уште ја немаме видено писмената пресуда со нејзиното детално образложение како би можеле да дадеме соодветна оцена, но според оние информации кои ги добивме од обвинението, како и доказите изведени на рочиштето за главна расправа, можеме да кажеме дека пресудата е сосема очекувана, бидејќи делото навистина го исполнува битието на нужна одбрана согласно членот 9 од Кривичниот законик, велат од Коалицијата Сите за правично судење за Фокус.

-Она што е впечатливо и за поздравување во овој случај е фактот што целата доказна постапка беше спроведена на едно рочиште во рамки на работното време на судот, а пресудата беше објавена веќе следниот ден, што претставува добар пример од страна на ОС Велес кој се надеваме ќе го следат и останатите судови и органи на прогонот кога решаваат други случаи поврзани со семејно насилство, со цел да се избегнат идни слични случаи со сериозни последици како резултат на претходно отсуство на заштита на жртвите на семејно насилство, додаваат оттаму. 

Поврзани новости