Сите ние имаме една иста желба, а тоа е во септември да ги видиме училишните дворови полни со детски насмевки, училниците да се полни со ученици, а тоа најмногу ќе зависи од епидемиолошката состојба, изјави министерката за образование и наука Мила Царовска.
За време на посетата на битолското основно училиште „Елпида Караманди“, Царовска нагласи дека со примерот и министерот за здравство се во постојана комуникација и наскоро ќе биде донесена одлука.
-Како министерка, заедно со премиерот и министерот за здравство сме во постојана комуникација во врска со враќањето на учениците на 1 септември во училиштата. Сите ние имаме една иста желба, а тоа е во септември да ги видиме училишните дворови полни со детски насмевки, училниците да се полни со ученици, а тоа најмногу ќе зависи од епидемиолошката состојба. Во оваа пандемија не сме затоа што сакаме, туку затоа што мораме, но и во ваков систем, како држава покажавме дека имавме редовна настава со успешна учебна година. Во наредниот период ќе бидат разгледувани сите параметри и наскоро ќе донесеме одлука која ќе биде споделена со јавноста во врска со враќањето на учениците во училишните клупи на 1 септември, изјави Царовска.
Посочи дека реформскиот процес во основното образование се одвива непречено и согласно предвидените рокови.