775
Сите професори на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) утре ќе учествуваат на студентскиот протест пред Владата, најави доц. д-р Игор Трајковски, предавач на факултетот на својот Фејсбук профил.
Според неговата објава, ова е одлука на наставно-научниот совет на ФИНКИ, кој со ова станува првиот факултет во земјата чиј комплетен наставен кадар најави учество на протестот, насочен против воведувањето на државен испит во македонското високо образование.
Студентскиот протест е најавен за утре во 14 часот пред Владата, кога се очекува да се соберат најмногу студенти досега, средношколци, професори, родители и уште еднаш да кажат гласно „не“ за вовдувањето на државен испит на факултетите.