Сите политичари и функционери ќе се пријават како секој граѓанин и ќе се вакцинираат кога ќе им дојде редот

by fokus

Сите политичари и фунционери ќе се пријават за вакцинација како секој граѓанин, соопшти попладнево претседателот Стево Пендаровски по седницата на Советот за безбедност.

-За да не дојде до злоупотреба на позицијата на некој висок функционер, се договоривме во следните денови да се пријавиме за вакцинација како секој граѓанин. Ние сме исти со сите граѓани, и сметав дека треба да се пријавиме како секој граѓанин на оваа земја и да се вакцинираме кога ќе добиеме термин, односно кога ќе се создадат услови за тоа, рече Пендаровски.

Поврзани новости