„Сите политичари да ги тужат квази-порталите кои шират лаги“, порачува Зекири

by Fokus

Текстот на новинарот Зоран Божиновски, во кој тврдеше дека Муки Зекири и Ерол Муслиу со сопругите се вмешани во „перење“ 1,2 милиони евра од исламска земја, скапо го чинеше кумановскиот новинар.

Тој треба да плати 100 илјади денари на Зекири, а потпретседателот на СДСМ ги охрабри и останатите да покренат вакви постапки.

„Доколку се најде и некој друг во ваква слична ситуација, слободно нека тужи. Мора да се бориме против квази-новинари и портали кои го рушат угледот на квалитетните новинари. Само преку судски процеси ќе се избориме со оваа лоша појава“, истакна Зекири за „Фокус“.

Ј.Ц.

Поврзани новости