876
Министерот Венко Филипче соопшти дека тој е на местото на несреќата кадешто се преврти автобус со 50 патници, а таму се упатени и сите сите коли на брза помош од Здравствен Дом Скопје и од приватните болници Неуромедика и Систина.
-По тешката сообраќајна несреќа која се случи попладнево на автопатот Тетово-Скопје, веднаш се упатив на лице место. Упатени се сите коли на брза помош од Здравствен Дом Скопје и од приватните болници Неуромедика и Систина. Медицинските екипи се на располагање и ќе се искористат сите капацитети на здравстените установи за брза реакција, соопшти министерот Филипче.
ФОТО: Независен