Се уште трае извлекувањето на повредените од превртениот автобус, досега три лица се донесени на скопските клиники

by fokus

Автобус полн со патници се преврте на автопат Тетово-Скопје кај селото Ласкарци во близина на Карпалак денеска околу 17 часот. На скопските клиники засега се донесени тројца повредени, од кои двајца потешко, на кичмата и екстремитетите, додека третиот е полесно поврдени, потврди за МИА, директорот на ТОАРИЛУЦ, Илир Хасани.

Во болницата во Тетово се пренесени две лица, меѓутоа, како што јави дописникот на МИА, директорот нема информации во каква состојба се повредените.

Официјални информации се уште нема  за тоа што се случило и дали во сообраќајката има жртви и повредени.

На лице место се упатени протипожарни екипи, амбулатни возила да помогнат во извлекување на повредените, а болниците во Скопје се мобилизираат да ги примат повредените.

На местото има над 20 амбулатни возила, а во извлекувањето на телата учествуваат и багери и помагаат локални жители.

Несреќата според очевидци, се случила откако автобусот преминал на другата страна од колозовот, ја пробил оградата и се превртел во провалијата.

ФОТО: Телма

Поврзани новости