Сите делегати на АКП гласале за реизбор на Ердоган за партиски лидер

by Фокус

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган повторно е избран за лидер на Партијата на правда и развој. Во обраќањето пред присутните, тој истакна дека Турција решително продолжува да ги реализира претходно поставените цели за иднината.

-Повторно ќе покажеме дека не дојдовме на власт да бидеме владетели, туку да и служиме на државата и народот – истакна Ердоган, додавајќи дека не постои проблем кој единството на 84 милиони луѓе во Турција не може да го надмине.

На седмиот редовен конгрес на АКП, Ердоган беше реизбран за претседател со сите 1.428 важечки гласови на делегатите.

 

Поврзани новости