497
Сите бебиња се добри, нема загрозени животи, тврдат од Клиниката за гинекологија и акушерство по веста дека Клиниката синоќа останала без струја.
ТВ Aлфа објави дека Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје синоќа останала без струја, откако дошло до прекин на електрична енергија во градската мрежа.
Како причина бил големиот дефект на трафостаницата во Козле кој голем дел од центарот на Скопје го остави без струја, а при тоа не се вклучил агрегатот.
Според извори на телевизијата, во моментот се случувале оперативни зафати, а биле и згрижени бебиња во инкубатор.
Големиот дефект на трафостаницата Козле го остави без струја центарот на Скопје. Струја немаше од Водно до Илинденска.