Системот за гласање со отпечаток од прст на „Дермалог“ ќе чини 11,2 милиони евра

by Fokus

Договорот меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ од следните избори да се гласа со отпечаток од прст ќе ги поскапи претстојните локални избори за 11,2 милиони евра (688 милиони денари).

Толку пари изнесува понудата на германската компанија „Дермалог“, која беше избрана како најдобра на тендерот за набавка на систем за биометриска идентификација на гласачите, пренесува „360 степени“.

Понудата на „Дермалог“, според извори на „360 степени“, била избрана без предвидената електронска аукција, бидејќи за останатите три понуди било оценето дека не ги исполнуваат сите услови

Поврзани новости