Сириец изгубил 52 членови на семејството – нема никаква помош

by fokus

На северот на Сирија, погоден од земјотресот, спасувачите со натчовечки напори се обидуваат да стигнат до преживеаните. Ситуацијата дополнително ја отежнува меѓународната блокада, бидејќи ниту спасувачите од други земји, ниту хуманитарната помош не можат или имаат потешкотии да стигнат до овие области.

Хасан Ганам, доктор од Сирија кој студирал во Југославија, зборувал за N1 за ситуацијата во Азмарин.

-Овде се случи голема трагедија, катастрофа… Нема спасувачки екипи, нема основни прехранбени производи“, рече тој.

Во земјотресот загуби 52 членови на семејството.

-Луѓето се збунети и во страв, бидејќи нема хуманитарна помош. Очекувавме многу од Европа, но останавме сами. Ги извадивме мртвите со раце, на примитивен начин, вели тој.

Напоменува дека живее во област која не е под државна контрола и дека од Турција не пристигнала помош.

-Луѓето се под ведро небо, најпотребен е шатор. Куќите веќе не се погодни за живеење, повеќе не можете да живеете во нив. Ништо не стигна до северот на Сирија. Сами си ги преврзуваме раните, рекол Ганам.

Поврзани новости