Облачно време со слаб снег

by Фокус

Времето во Македонија ќе биде умерено до значително облачно со појава на локален слаб снег на планините прво на северот, а потоа слаб снег ќе провејува понекаде претежно во западните планински делови.

Преку денот ќе дува и умерен до засилен северен ветер најизразен долж Повардарието.

И во Скопје ќе биде умерено до значително облачно со слаб до умерен ветер од северен правец. На повисоките делови од котлината ќе има услови за поjава на слаб снег.

Дневните температури ќе достигнат во 5 Целзиусови степени во Скопје и Охрид, 4 во Битола и Крива Паланка, 1 во Берово и Маврово…

Утре времето ќе биде умерено до значително облачно, а попладне облачноста ќе се намалува.

Поврзани новости