578
Ајк Тарнер Џуниор, син на покојните музичари Ајк и Тина Тарнер, беше уапсен во Тексас под сомнение дека поседувал кокаин и се обидел да прикрие докази.
Полицијата во Алвин, Тексас, уапсила 64-годишен маж откако пронашла 1,7 грама кокаин и 0,7 грама метамфетамин, објави магазинот People.
Ајк Тарнер Џуниор, исто така музичар, беше осуден на 18 дена затвор.
Инцидентот се случил пред да почине неговата мајка на 83-годишна возраст, на 24 мај годинава.
Тој се обидел да го проголта наркотикот откако ја видел полицијата.
Тарнер моментно се наоѓа во затворот во округот Бразорија со обврзница од 70.000 долари.