Синот на Тина Тарнер пронајден мртов

by Fokus

Синот на Тина Тарнер, Рони, е пронајден мртов во својот дом во Лос Анџелес. Тој имаше 62 години, а TMZ прв ја пријави веста за неговата смрт во петокот наутро по локално време.

Имено, соседите се обиделе да го реанимираат, но безуспешно.

Причината за смртта не е објавена, но се знае дека Рони претходно се борел со ракот.

Тина Тарнер се уште не се изјаснила за неговата смрт.

Да потсетиме дека најстариот син на Тина, Крег се самоуби во јули 2018. Таа го роди Крег кога имаше 18 години, откако забремени со саксофонистот Рејмонд Хил.

Крег работел како агент и се самоубил во својот дом во јули 2018. Имал 59 години.

Поврзани новости