Синот на Талат Џафери, Барлет Џафери за кого Антикорупциската комисија утврди дека положил правосуден испит пред да добие диплома со соодветен степен на образование, откако го положи завршниот испит на Академијата за судии и јавни обвинители се пријавил на последниот оглас за прием што го распиша Советот на јавни обвинители.
Барлет Џафери се пријавил на огласот за гостиварското обвинителство за каде се пријавиле шестмина кандидати за три обвинителски места.
Сопругата на раководителот на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, Ислам Абази, Албулена Абази која е од Кичево на огласот се пријавила за обвинител во кичевското обвинителство. И таму има три испразнeти места, но има помала конкуренција, двајца кандидати.
На последната ранг листа на завршени кандидати за судии и јавни обвинители на Академијата се најдоа голем број на блиски роднини на актуелни и поранешни судии и политичари. Од вкупно 58 кандидати, 30 положија за судии и 28 за обвинители.
Објавена ранг листата: Синот на Талат Џафери и сопругата на Ислам Абази стануваат обвинители, сопругата на Муцунски- судијка?
Сепак скоро завршените обвинители нема да може да се вработат како обвинители во Скопје, за каде секогаш има најголем интерес, бидејќи Советот не распиша оглас за вработување во ова обвинителство, со оглед на тоа што има голем број на испразнети места во обвинителствата во внатрешноста.
Па така еден од завршените јавни обвинители од Скопје се пријавил за единственото место во обвинителството во Свети Николе. За во Велес се пријавиле и обвинители од Скопје и од село Ростуше и од Штип.