Синот на пратеничката Мира Стојчевска, Виктор Стојчевски, преку својот Фејсбук профил најави дека ќе си даде отказ, како што вели, од морални причини.
Ова следува после одлуката на Антикорупциската комисија која потврди дека неговото вработување во ЕЛЕМ е спорно.
„Сакам да ја известам јавноста дека јас како дипломиран геодетски инженер на Градежен Факултет – Скопје при УКИМ, свесен за моите знаења и способности имам капацитет да работам во било која компанија од приватниот и државниот сектор каде што се бара геодет. При крај сум со моите магистерски студии на Градежениот Факултет и имам желба и намера да се посветам на мојата професионална кариера.
Јас не сум јавна личност и не сакам повеќе моето име да се провлекува во јавноста.
Во таа насока, сакам да ве известам дека по одлуките на вчерашната седница на ДКСК, од морални причини решив на 30.04.2019 (вторник) да го доставам моето барање за отказ од АД ЕЛЕМ и да се повлечам од работното место“, напиша Стојчевски на Фејсбук.