Ивановска: Од 73 лица да се вработи сестрата на Бектеши е пречекорување на дискреционото право

by fokus

Според Антикорупциска комисија директорот  на АД МЕПСО го злоупотребил дискреционото право кога ја вработил сестрата на министерот за економија, Крешник Бектеши, на оглас на кој се пријавиле дури 73 кандидати за тоа работно место. Претседателката на Комисијата, Билјана Ивановска, вели дека ова дискреционо право кое го овозможува Законот за работни односи, треба да биде исклучок, кога се појавуваат двајца или тројца кандиадти кои се исто бодувани и рангирани, а не во овој случај.

-Дискреционото право треба да биде ограничено, тоа може да се употреби кога од двајца или тројца кандидати одговорното лице треба да одбере еден со приближно еднакви резултати. Но од 73 лица да ја одбере токму сестрата е пречекорување на дискреционото право. Освен тоа интервју е основна алатка за спроведување на изборот, но тука нема никакви критериуми, нема рангирање на кандидати, а тоа законот не го бара изричито – вели Ивановска за Телма.

Поврзани новости