605
Синот на пратеничката Мира Стoјчевска, Виктор Стојчевски, денеска го поднесе актот за спогодбено раскинување на работниот однос со АД ЕЛЕМ, потврдија од компанијата за „Фактор“.
– Актот е во правна процедура и до крајот на денот тоа ќе се ефектуира. Ќе го потпише генералниот директор на компанијата, или доколку е отсутен, тоа ќе го стори неговиот заменик – потврдија од Електрани на Македонија.
Синот на пратеничката Стојчевска оваа одлука ја најави неодамна, сооштувајќи дека истата ќе биде поради морални причини.