Синот на Иванов драстично го промени имиџот

by Fokus

Иван Иванов, синот на претседателот на државата, Ѓорѓе Иванов, со својата појава ги изненади присутните на Свечената Воскресна литургија во црквата ,,Света Петка Преподобна’’ во Кавадарци, каде присуствуваше заедно со родителите.

Имено, по подолго отсуство од јавноста, Иван кој беше препознатлив како младо момче со бујна коса и лежерен стил, се појави во сосема ново светло. Со кратко потстрижена и уредно зачешлана коса, во елегантен костум и вратоврска, младото ,,бушаво’’ момче се претвори во згоден млад маж по кого се свртуваа присутните девојки.

Тој е нивни син единец, има 27 години, а студираше на Правниот факултет на државниот универзитет, отсек политички науки. Лани пак, одредени медиуми открија дека претседателот присуствувал на родителска средба на универзитетот во Турција, каде Иван студирал. Околу тоа што и каде поточно во Турција студира младиот Иванов, од кабинетот на претседателот тогаш не открија повеќе информации.

Инаку, Иван е познат како голем љубител на добрата рок музика. Освен што свири гитара,тој пред неколку години се појави и во улогата на диџеј, заедно со Васко Тодоров (Тошо Малерот од К15) во Галерија 8, каде имаше неколкучасовен сет со најголемите рок хитови. Исто така, во изминатите години тој беше редовен на сите поголеми рок концерти и значајни музички настани во земјава и често се фотографираше со големите музички ѕвезди кои имаа настапи.

Љубовта кон музиката во неговото семејство била секогаш присутна и можеби пресудна и тој да стане голем љубител на истата. Познато е дека неговиот татко, претседателот Иванов, во младоста ги поправал инструментите на групата Апсаздан, а со групата дури и запеал во селото Пирава, на нивниот прв концерт. Потоа бил само логичка поддршка на групата.

И неговата мајка, Маја, во неколку наврати има изјавено дека дома често знае да засвири на хармоника или пијано. И љубовниот живот на синот на претседателот е енигма за јавноста. Единствено, пред околу четири години, на отворањето на Интернационалниот фестивал ,,Браќа Манаки,, во Битола, на црвениот тепих зачекори со девојка, со која потоа за медиумите потврди дека е во врска. Сепак, врската со убавата девојка, која во тоа време беше модел, не траеше долго. По прекинот, Иванов во јавност се нема појавено со девојка, и приватноста ја чува подалеку од очите на јавноста.

И покрај тоа што на некој начин живее под лупата на јавноста уште од рана младост, односно од 2009 година, кога неговиот татко стапи на функција, сепак младиот Иванов успешно успева да го заштити својот приватен живот од медиумите. Нема информации дали се уште студира, работи, каков автомобил вози, дали има девојка, каде оди на летување или зимување, и дали планира по стапките на неговиот татко, еден ден да заплови во политичките води.

Вики Клинчарова

 

Поврзани новости