Синот на сирискиот претседател Башар ал Асад, 16-годишниот Хафез, ќе учествува во јули на Меѓународната математичка олимпијада во романскиот град Клуж.
Хафез ал Асад ќе биде дел од сирискиот национален тим, а според романските медиуми се подготвуваат драстични мерки за безбедност.
Синот на сирискиот претседател и минатата година учествуваше на Меѓународната математичка олимпијада, која тогаш се одржа во бразилскиот град Рио де Жанеиро.
– Хафез ал Асад ќе учествува како натпреварувач во националниот тим на Сирија на Меѓународната математичка олимпијада, којa на 16 јули ќе се одржи во романскиот град Клуж. Тој е регистриран заедно со уште пет негови колеги од сирискиот тим, соопштија организаторите на натпреварувањето.
Хафез ал Асад минатата година во Рио беше најлошо плaсиран во сирискиот тим, а Mатематичката олимпијада ја заврши на 528 место од вкупно 615 учесници.