510
Шеесет и шестгодишна гостиварчанка пријавила во полициска станица дека син и ја претепал бидејќи не му дала 500 денари.
Според полицијата, вчера С.Г.(66) од Гостивар пријавила семејно насилство од нејзиниот син Д.Г.(44). Околу 13,00 часот истиот ден синот и побарал 500 денари, а кога не му го дала бараниот износ физички ја нападнал.
Пријавениот Д.Г. е лишен од слобода и задржан во Полициската станица Гостивар за расчистување на случајот.