Градоначалникот на скопската општина Карпош – Стевчо Јакимовски денеска на прес конференција пред просториите на Управата за водење на матични книги изјави дека неговиот син и снаата наместо извод од матичната книга на родени, оттаму добиле извод од матичната книга на умрени.
Јакимовски рече дека поради некадарни и несовесни партиски вработувања од СДСМ И ВМРО-ДПМНЕ, оваа институција е нефункционална.
„Денот на нивната венчавка е впишан како ден на нивната смрт. Овие млади луѓе се во шок, можете да замислите секоја годишнина од бракот на што ќе ги потсеќа. Потпишана е Диана Аксентиевиќ, веројатно кадар на СДСМ или ВМРО-ДПМНЕ бидејќи не е Албанка, не може да е на ДУИ. Ете што имаме во институциите кога се вработуваат партиски луѓе кои лепеле плакати. Некој што е совесен со домашно воспитување и што е посветен на својата работа нема да направи ваква грешка. Малку останавме политичари од Титово време што знаат како функционирала државата, се друго резултат на пристрасна кампања и лепење плакати“ – рече Јакимовски.