Синоличка Трпкова: Изгубив дете, мајка, здравје, но ваков олош од луѓе не сретнав

by fokus

Врвната актерка Синоличка Трпкова, која што е позната како голем критичар на ВМРО – ДПМНЕ и поддржувач на Шарената револуција, денес со искрен и потресен статус ја трогна јавноста. Според неа, по сите несреќи кои што ја снашле во животот, не можела, а да не забележи дека олош луѓе, како некои кои што живеат овде, никогаш не сретнала.

„Реков нема да се правдам, а ова е за нештата да бидат појасни : Ја изгубив мајка ми на 23 год, во врвот на мојата кариера. Околностите беа такви што останав сама и морав да правам работи што ме траснаа од земја. Потем го изгубив првото дете на породување. По кратко, починаа и дедо ми и баба ми со кои израснав. Кога го родив второто дете првиот сопруг си замина. Бев самохрана мајка (семејството ме поддржа и помогна безрезервно како и секогаш)…па успеав да застанам пак на нозе. Да, имам втор брак и многу преселби и почнивања од нула. И сум хронично болна од 2008 год. Ќора сум на едно око. Не, не се жалам ич. Но, кога ќе го вадат “долниот” веш, луѓето успеваат да изградат слики за мене, коишто немаат ама баш никаква допирна точка со мене. Секако имам направено грешки – сум ги давала и срцето и душата на луѓе коишто тоа не го почитувале. И во сето ова морам да потенцирам – сум патувала и сум живеела на различни континенти, но таков олош од луѓе како овде – не сретнав. Може е време куферите да се спремат. Ионака уште не сум дораспакувана од последнтата преселба“ – е нејзиниот статус кој што е актуелен на социјалните мрежи денес.

Таа е професор по предметот Филмска, телевизиска и радио игра на Факултетот за драмски уметности во Скопје. Зад себе има голем број на филмски оставрувања.

Вики Клинчарова

Поврзани новости