Синиша Алексовски го следел Талат Џафери

by fokus

Талат Џафери во вечерашното интервју на телевизија Телма доби прашање кој би бил интересот на Синиша Алексовски да го следи, кога веќе не е активен пратеничкиот состав на кој тој беше претседател. Џафери на тоа одговори дека станува збор за настан од 27 март, кога го известиле дека одредено лице ги снимало возилата кои се во негова придружба.

-Се работи за настан од 27 март. Дента кога според обврските, требаше да се потшишат акти, докумнети.. При доаѓање, при влезот  во Собрание, од слубжата за обезбедување ме известуваат дека е приметено снимање, можно и на воизлата кои се во моја придружба. Во тој контекст, службата која ме обезбедува до надлежните во МВР, постапила. Јас не се бавам со тој кој ме следи, тоа е работа на службата. Службата ме извести дека лице ја следело колоната на возила, рече Џафери.

Поврзани новости