Синиша Алексовски два пати се сретнал со Заев: Му реков да не го злоупотребува моето име за “Монструм”

by fokus

Синиша Алексовски, поранешниот советник во Кабинетот на претседателот, Ѓорге Иванов чие име беше споменувано во случајот “Монструм” се сретнал со поранешниот премиер Зоран Заев кој тврдеше дека  има снимки за овој случај.

На средбите Алексовски побарал од Заев да не го злоупотребува неговото име и да не го поврзува со овој случај. Поранешниот советник пред судот тврдеше дека токму Заев на средби со семејствата на жртвите тврдел дека телефонот на Алексовски бил најден кај езерото и дека автомобилот “опел омега” кој бил користен за убиството бил користен од единицата Алфи, чиј командант до 2009 беше Алексовски.

-Со премиерот Заев имав две средби за случајот “Монструм”. Последната во Кабинетот на Иванов и  втората во Кабинетот на Заев. Првата средба беше на мое барање, втората на негово барање. На средбата беше соочен со извештаите кои ги имавме и баравме објаснување за гласините. Негираше дека мене лично ме спомнал, рече дека до него доаѓале многу информации. Побарав од него да прекине да го злоупотебува моето име и одговори потврдно, рече Алексовски.

Тој му порачал за возилото да провери кај командантот на “Алфите” кој го поставил тој, Примислав Димовски кој бил во единицата од 2007. Додека тој бил на чело на “Алфите”,била користена “опел вектра” вишна боја, а не ” опел омега” . За понатаму нема информации дали се користела ваква кола.

Алексовски рече дека и на Заев и на семејствата им кажал дека телефонот кој го користел кога се случило убиството се уште го поседува дома и дека ја користи истата сим картичка.

За дел од обвинетите имал полициски информации уште кога бил командир, Фејзи Азири, Алил Демири и Африм Исмаиловиќ.

Тој откри дека обвинетиот Алил Демири бил врска со еден од обвинет поврзан со грабежот во Прокредит банка. -Во 2009 година како тогашен командант на „Алфа“ водевме регионални акции за нарушување на јавен ред и мир и употреба на огнено оружје. По извршениот грабеж во „Прокредит банка“  кај  Алил Демири при претресбеше пронајден пиштол. Му беше земен ДНК профилот кој потоа беше употребен за споредба. Фејзи Азири беше во евиденција во однос на имотно – правен настан, односно за концесија на земјиште. Потоа продолжи нетрпеливоста и кулминираше во вооружена пресметка во Белимбегово. Алил Демири беше главна врска на Башким Беља, вклучен во грабежот кој подоцна замина во Сирија и беше убиен, рече Алексовски.

На прашање од обвинителката Фатиме Фетаи, дали пред настанот имал некакви информаци за нереди, за напад на полициски станици, сведокот Синиша Алексовски, рече дека немал конкретни информации.

– Конкретно, во писмена форма немавме податок дека ќе се случи кривично-правен настан. Но, пред секој голем верски настан, се преземаа повисоки мерки на безбедност, особено за објектите каде што се собираше поголема група луѓе, а врз база на претходни информации за националистички и екстремистички активности. Имав усна информација со полицискиот службеник Зоран Трајковски дека има движења на екстремистички групи кои би можеле тие празнични денови да нападнат полициски станици. Го прашав дали ова официјално го известил МВР, УБК Куманово и воените структури. Му напомнав дека во овој период на годината секогаш има полуинформации, дека и тие што диво сечат шума наводно биле екстремисти. Му реков само ако ја потврди информацијата, да ми јави. Но, не се случи да ми потврди, изјави Алексовски.

За убиството на четирите момчиња и рибарот кај Смилсковско Езеро на 12 април 2012 година, денеска прв сведочеше поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков.

Поранешните министри Муса Џафери и Блерим Беџети во врска со овој случај ќе сведочат во судот на 10 март.

Ф.Ф.С.

 

 

 

Поврзани новости