„Синиот воз“ на Тито ќе стане туристичка атракција

by fokus 13:07
13:07

Железницата на БиХ ќе му дадат на користење дел од „синиот воз“ на Тито на националниот парк Уна, за унапредуавње на туристичката понуда на најмладиот парк на природата во тој дел од Европа, пренесува Нова Македонија.

Како што пишува весникот, железницата ветила дека на националниот парк Уна ќе му дадат дел од Титовиот „син воз“ што се наоѓа во Рајловац, а кој сега не е во функција. Станува збор за најлуксузниот дел од возот – ресторан-вагонот што ќе биде поставен на железничката станица во Бихаќ.

- Advertisements -

Тој дел од Синиот воз ќе биде на располагање на туристички агенции за атрактивно панорамско возење низ Смарагдната долина. Возот како што е планирано ќе сообраќа на релација Бихаќ-Мартин Брод, низ срцето на националниот парк Уна.

Поврзани новости