Членови на Независниот академски синдикат денеска презентираа состојбата на платите во повеќе универзитети од Македонија, спроведена од нивно истражување.
Според нивната анализа, во порастот на просечна плата во здравство, образование и култура, најмал пораст бележи платата на просветните работници со само 12.7 отсто сметано од 2011 година.
Маја Стевановиќ, претседател на НАкС порача дека МОН ќе преземе сериозни чекори за да се подобри ситуацијата. Во спротивно, професорите ќе мора да преземат други мерки.
„Ако во минатото, корупцијата беше проста и примитивна со 100 евра во индекс, сега корупцијата е системска. Професорите се приморани да го намалуваат критериумот, со цел да се запишат повеќе студенти во наредната студиска година. Сметаме дека постојат селективни мерки за предизборно купување и социјален мир за професорите. Формирањето на Национален совет е една од нашите предлог мерки, со која би се решиле некои проблеми. Време е во МОН да почнат да размислуваат и да го сфатат проблемот сериозно. Ако нема одлуки во блиска иднина, ние ќе примениме други средства, а професорите ќе си земат за право да ги тужат институциите“, истакна Стевановиќ.
Ј.Ц.