Најчевска: Распределбата на платите на професорите се прави партиски!

by fokus

Професорката Мирјана Најчевска, на денешната прес-конференција на НАкС, говореше за состојбата на платите на професорите и предлог-мерките за распределба на средствата на професорите од високите образовни установи.

„Наш предлог беше да се формира Национален совет до март 2019 година, но како што гледате, досега нема такво нешто. Распределбата на платите на професорите се прави со политичко влијание или според партиски мерки. Средствата за партиципација на факултетите се распределуваат за надополнување на платите на професорите. Факт е дека има голема разлика помеѓу платите на професори кои ја работат истата работа“, истакна Најчевска.

Од 2011 година, до август 2019 година, платите на професорите биле покачени во 2014 година за само 3.8 отсто, покажува анализата на НАкС.

Ј.Ц.

Поврзани новости