Независниот синдикат на пожарникарите го поздравува зголемувањето на висината на блок дотацијата за плата и надоместоци на плата за припадниците на пожарникарските единици во Предлог-буџетот за 2020 година.
Според Синдикатот, со планираните средства во Предлог-буџетот ќе се реши проблемот со кој се соочуваат пожарникарите кои земаат помала плата за 20 проценти од законски утврдената, за која општините добиваат блок дотација од страна на Владата.
-Зголемувањето на парични средства за блок дотација за плата и надоместоци од плата на припадниците на ТППЕ за 2020 година е показател дека конечно едно од најгорливите прашање за сите пожарникари – спасители во РСМ еднаш засекогаш ке биде решено, велат од Синдикатот, додавајќи дека пожарникарите не бараат покачување на платата, туку исплата на законски утврдената плата.