Кривична пријава за поранешна директорка на средно училиште во Скопје

by Fokus 16:55
16:55

Управата за финанскиска полиција поднесе кривична пријава против Е.А. која во својство на овластено лице директор на СУГС „Браќа Миладиновци” Скопје во периодот од 2016 до 2018 година ја злоупотребила службената положба и овластување, со што го оштетила буџетот за 1.327.400,00 денари, како и против А.С. управител на правен субјект за кривично дело „помагање“ и „фалсификување или уништување деловни книги“.

-Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против лицаето Е.А. во својство на овластено лице – директор на СУГС „Браќа Миладиновци” Скопје во периодот од 2016 до 2018 година поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување по член 353 ст.1 од Кривичниот Законик на Република Северна Македонија и лицето А.С. во својство на овластено лице – управител на правниот субјект ПРОСЕРВИС Инженеринг ДООЕЛ Скопје, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „помагање“ по член 24 од КЗ на Република Северна Македонија и кривично дело „фалсификување или уништување деловни книги“ по член 280 од КЗ на Република Северна Македонија, соопшти денеска управата.

- Advertising -

Првопријавената Е.А. пречекорувајќи ги границите на своите службени овластувања, постапувајќи спротивно на член 13 и член 33 од Законот за градење, во три постапки за јавни набавки доставила фактури со невистинита содржина на правниот субјект ПРОСЕРВИС Инженеринг ДООЕЛ Скопје, со што овозоможила второпријавеното лице А.С. да се стекне со противправна имотна корист во износ од 1.327.400,00 денари, за кој износ го оштетила Буџетот на СУГС „Браќа Миладиновци“ Скопје.

Поврзани новости