Според претседателката на Синдикатот на новинари и медиумски работници, Тамара Чаусидис, новиот предлог закон за информативни и рекламни кампањи на јавни институции е порака до провладините медиуми дека Владата нема да ги остави на цедило.
-Синдикатот на новинари и медиумски работници е против секаква државна интервенција во медиумите, а особено владините реклами кои се алатка за држење на медиумите во вазалски однос. Со новиот предлог-закон суштински ништо нема да се смени, само ќе се легализира ситуацијата која изминатата година беше под мораториум. Ниту е објавен, ниту имаше јавна дебата пред владата да го донесе овој закон, изјави Чаусидис.
МАН пак, смета дека законот е добар, а вчера предложиле и нов предлог за распределба на кампањи кои ќе чинат под 100 000 евра.
-За да се спречат можни злоупотреби, предлог на Ман и ММА да се ограничат на 20% од минатогодишниот буџет. Значи директорот или функциуонерот на јавната институција која ќе има пари, буцет за јавни кампањи, во тековната година да не може да додели повеќе од 20% по сопствено убедување на некои медиуми, во однос на буџетот со кој што располагал минатата година, изјави Ивона Талеска.