Синдикатот на клинички не го прифаќа најавеното покачување на платите

by Fokus

За Синдикатот на Клиничкиот центар не е прифатлив предлогот на Владата за зголемување на платите од 5 проценти и поради новонастанатата состојба бараат итен прием кај премиерот Заев, соопштија од ССКЦ.

„Преговорите кои ги водевме во изминатиот период на состаноците со Министерот за здравство,  Арбен Таравари, како и на состанокот со Премиерот Зоран Заев ги ценевме како многу позитивни и беа во правец на реализирање на програмата на Владата на Република Македонија понудена на Собранието на Република Македонија при нејзиниот избор, која ние во делот за платите на вработените во здравство во целост ја поддржавме – се наведува во соопштението од Клинички центар.

Вчерашниот предлог буџет за 2018 година за покачување на платите во јавното здравство за 5 проценти е спротивен на понудената програма на Владата на Република Македонија, во делот за платите на вработените во јавното здравство и истиот за Самостојниот синдикат на Клинички центри е  неприфатлив.

 

Поврзани новости