Синдикатот бара пробен проект пред да се спојуваат наставни предмети

by Фокус

Синдикатот за образование апелира Министерството да не брза со спроведувањето на планот за спојување предмети, туку од таму предлагаат прво да се воеде пробен проект за да се видат резултатите пред да се направи реформата. Претседателот на СОНК, Јаким Неделков, вели дека сѐ уште не се знае како ќе се организираат часовите, но нагласува дека најважно е ниту еден наставник да не остане без работа.

-Тој еден наставен предмет, интеграцијата би била на пример, ако се четири наставни предмети со колку проценти би влегле овие наставни предмети? Колку тоа би биле во фондот на наставни часови на еден наставник и дали тоа ќе биде важно за формирање на генералната оценка на оценка што е исто така многу важно – вели Неделковски за Сител.

Инаку, промените најавени од Министерството за образование за спојување на предмети се најавуваат од идната година и, како што изјавиле за Мета од Бирото за развој на образованието, ќе се воведат во прво и во шесто одделение.

„Во овој момент, пред јавната расправа зборуваме и презентираме концепт, а не конкретни наставни програми во кои ќе бидат поставени очекуваните резултати од учењето, а врз основа на нив и содржините што учениците треба да ги совладаат од одделните научни дисциплини (историја, географија, граѓанско образование)“, велат од Бирото.

Поврзани новости