Синдикатот бара итно расветлување и јавно извинување за случајот со Делевска

by fokus 15:53
15:53

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници остро го осудува повикувањето на службен раговор во полициска станица поради објавен текст на новинарката на САКАМДАКАЖАМ, Соња Делевска.

Тие ги повикуваат Министерот за внатрешни работи на чело со Оливер Спасовски и Владата и премиерот Димитар Ковачевски да се расветли случајот.

-Полициска интервенција за напишан текст е пракса на други политички системи и општества каде што слободата на медиумите е загрозена, а слободата на изразување казнувана.

Бараме, експресно расветлување на случајот, брзи одговори и јавно извинување бидејќи ваквата полициска постапка длабоко задира и во инаку кревката сигурност на новинарите во земјата, а ги спори и макотрпните заложби на новинарските организации за заштита на новинарската професија, безбедноста на медиумските работници и слободата на говорот како фундамент на нашето демократско општество.

Дополнително, ваквиот чин би можел да создаде пракса на барање на суетни административци на полициски распит да се повикуваат новинари за објавени текстови, што е неприфатливо. Оттаму вознемирувањето на еден новинар го доживуваме како атак врз целата професија. И нема да (Ви) молчиме, се вели во соопштението од Синдикатот.

Поврзани новости