Синдикатите повторно ќе го дадат Законот за работни односи на Уставен суд

by Fokus

Сојузот на синдикати на Македонија и Синдикатот за градежбништво повѕорно ќе ги оспорат членовите од Законот за работно осноси со кои е планирано работната недела да се зголеми на 60 часа, вели Иван Пешевски, претседател на Синдикатот за градежништво во недлното интервју на „Радио слободна Европа“.

Овие законски измени се носат во забрзана постапка, како дел од сетот закони што се менуваат за реализација на договорот за изградба на коридорите.

„Тој предлог нема да направи 60 часовна, туку ќе направи 72 часа работна недела. Досега имавме едно изборено право пред 137 години за кое што навистина паднало крв и луѓето се избориле да работат осум часа, осум часа е за одмор и рекреација, за да ги наполнат батериите и утредента да бидат исто така продуктивни и осум часа. Меѓутоа нашата Влада дефинитивно смета дека треба да ги врати македонските градежни работници во робовладетелство и феудализам и да работат од 40- 60 како редовни часа плус 12 часа можеби да се плати како прекувремена работа. И да биде трагедијата уште поголема, за новиот закон за работни односи преговараме повеќе од пет години и никогаш ни на Економско- социјален совет, ни во работните групи не беше споменато дека може да има ваква брза измена’, изјави Пешевски.

Тој појаснува дека овие измени се направени по потпишаниот договор меѓу „Бехтел и Енка“ и нашите владини претставници.

„ Повторно како Сојуз на синдикати на Македонија и Синдикат за градежништво ќе бидеме принудени да ги оспоруваме тие членови пред Уставниот суд каде што веруваме дека повторно Уставниот суд ќе ги донесе истите заклучоци, истите одредби, истите одлуки, бидејќи навистина е невозможно во еден сектор со сите работни места кои сами по себе се со висок степен на ризик и луѓето се изложени на надворешни влијанија 24/7 во текот на неделата, да работат по толку часови за сметка за некакви си средства. Тие средства однапред не можеме да ги видиме бидејќи станува збор за увезени работници. Значи ние финансираме проекти со домашни средства, а тие средства од прекувремени часови, плати или сами по себе компанијата ќе ги наплати, дали е тоа Америка или Турција итн, повторно нема никаков дел од колачот да видат ниту домашните компании, ниту домашните работници“, изјави Пешевски, кој смета дека во земјата има доволно градежни работници кои може да работат на изградба на патиштата.

Поврзани новости