Ескобар: Договорот меѓу Белград и Приштина може да биде целосно исполнет до крајот на летото

by Fokus

Специјалниот пратеник на САД за Западен Балкан Габриел Ескобар оцени дека договорот за нормализација на односите меѓу Белград и Приштина е „огромно достигнување“ и дека договорот претставува „историски чекор напред“ во развојот на односите меѓу Србија и Косово.

Ескобар не гледа причина зошто договорот за преостанатите прашања не може да се склучи до крајот на летото.

„Со Србија има одредени елементи кои мора да се исполнат во однос на признавањето на табличките на автомобилите, личните карти и некои други работи. И Косово се очекува да формира Заедница на српски општини. Извинете, тоа не е очекување. Тоа е обврска“, изјави Ескобар за агенцијата „Мина“

Тој рече дека САД сакаат овие процеси да се случат што е можно побрзо.

„Не гледам причина зошто не може да се заврши до крајот на летото“, изјави Ескобар.

Тој потсети дека договорот меѓу двете страни е правно обврзувачки, и дека сега прашање е како целосно да се спроведе.

Ескобар е оптимист оти целта ќе биде постигната, како и верува дека лидерите на Србија и на Косово, Александар Вучиќ и Албин Курти, „можат да ја покажат политичката храброст неопходна за да се направат вистинските чекори“.

Поврзани новости