Синдикатите на КСС од улица побараа повисоки плати и пристоен живот

by fokus

Членови на Конфедерацијата на слободни синдикати излегоа денеска на протест барајќи усогласување на платите со зголемувањето на минималната плата, исплата на К-15 во јавниот сектор и  почитување на колективните договори. Протестот започна пред Порта Македонија, а групата демонстранти се движеше преку Минситерството за правда кон Владата, каде што ги испорача своите барања.

Протестот се одржа и покрај тоа што претставници на КСС вчера остварија средба со потпретседателката на Владата, Радмила Шекеринска и министрите Мила Царовска, Рената Дескоска и Дамјан Манчевски на која ги образложиле нивните барања.

Сепак претседателот на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК) Јаким Неделков од денешниот протест истакна дека во овој момент не е доведен во прашање почетокот на второто полугодие на учебната година.

– Од министерката за образование и наука добивме ветување дека час поскоро, од понеделник, ќе седнеме и отворено ќе разговараме за сите проблеми кои ги имаме во дејноста образование, така што одлуката за да не започне второто полугодие треба да ја донесе орган, а во овој момент нема потреба за тоа – изјави денеска Неделков.

Министерката за образование, Рената Дескоска, под однос на протестот рече дека со мерките што ги презема Министерството веќе се надминати барања на синдикатите и дека продолжува дијалогот меѓу двете страни.

Како пример за мерки кои, рече, со задоволство биле прифатени од наставниците и професорите, е можноста што ја добиле за компензација на работни денови што ги работат во саботите со деновите помеѓу Нова година и Божик.

Поврзани новости