Димитров: Оптимист со грижи сум за спорот со Грција

by Фокус 13:44
13:44

Министерот за надворешни работи на Македонија, Никола Димитров, очекува дека медијаторот Метју Нимиц на денешните разговори со преговарачите на Македонија и Грција ќе понуди првична рамка што ќе овозможи суштински напредок во решавањето на спорот за името.

-Ги структуираме дискусиите, со надеж дека тоа ќе овозможи суштински напредок – изјави Димитров за Дојче веле.

Тој смета дека чин на врвна политичка одговорност е да се искористи оваа шанса на позитивна атмосфера за решавање на дводеценискиот проблем.

„Ние сме решени во рамките на можното да го движиме процесот кон решение. Со Грција сме соседи, и вечно ќе бидеме соседи. Но, нештата не зависат само од нас, туку и од другата страна – вели Димитров.

Шефот на македонската дипломарија истакнува дека по природа е оптимист, а во случајов е „оптимист со грижи“.

Поврзани новости