Син ја претепал мајка си

by Fokus

Четириесет и осумгодишна скопјанка била претепана од синот во нејзината куќа, информираа од МВР.

Според полицијата, вчера во 22,50 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје Е.К.(48) пријавила дека истиот ден околу 20,30 часот додека седела во својот дом во село Марино заедно со нејзиниот син Х.К.(22), истиот почнал да ја навредува и во еден момент физички ја нападнал.. Потоа продолжил да и се заканува дека повторно физички ќе ја нападне, а Е.К. излегла од домот и се упатила во Градската општа болница “Свети Наум Охридски“ каде од страна на лекар и била констатирана тешка телесна повреда (скршеница на долниот дел на подлактицата на левата рака).

По превземени мерки Х.Т. бил приведен во полициска станица и со истиот бил извршен разговор и по целосното расчистување и документирање на настанот ќе следи соодветен поднесок.

Поврзани новости