Истражувачи за сајбер криминал, специјалисти за дигитална форензика, финансиски инспектори, обвинители, Единици за финансиско разузнавање, Дирекција за заштита на лични податоци (ДЗЛП) како и претставници од приватниот сектор – ISP (интернет провајдери), од поранешна Југословенска Република Македонија ќе учествуваат на Вежба за координација и партнерство за борба против сајбер криминал, во Скопје.
Активноста е организирана од страна на Канцеларијата за програмата против Сајбер криминал на Советот на Европа, преку заеднички проект на Европската Унија и Советот на Европа – iPROCEEDS, од 25 до 28 Септември 2017, во Мериот хотел.
Мултинационален тим на експерти од Ирска и Обединетото Кралство ќе ја координираат вежбата.
Вежбата има намера да ги истражи и да воспостави поблиски врски помеѓу професионалните заедници и истражувачите на сајбер криминал, лицата одговорни за сајбер безбедност, финансиски истражувачи/разузнавачи и приватниот сектор.
Во исто време, вежбата цели кон адресирање на проблемите на координација и кооперација на најпрактичен начин кој ќе побара од учесниците да откриваат напади, да применат дигитална форензика, да посочат и да се справат со сомнителни финансиски трансакции и перење на пари и да ги повлечат податоците преку каналите за меѓународна соработка.
Оваа активност е репликација на Координацијата за Сајбер криминал и Вежбата за партнерство организирана на национално ниво во Тбилиси, Грузија, 24 – 28 Април 2017. Таа се состоеше од 13 држави од Источниот партнерски регион, Југоисточна Европа и Турција и беа вклучени повеќе од 80 обвинители, истражувачи на сајбер криминал, финансиски истражувачи/разузнавачи и експерти за сајбер безбедност од Азербејџан, Албанија, Белорусија, Босна и Херцеговина, Грузија, Ерменија, поранешна Југословенска Република Македонија, Молдавија, Србија, Украина, Црна Гора и Турција.