Симовски: Првиот што ќе даде лажни податоци или ќе го бојкотира пописот ќе добие кривична пријава

by fokus

Директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски во денешното гостување на радио Канал 77 предупреди дека секој што ќе даде лажни податоци или ќе го бојкотира пописот ќе добие кривична пријава.

-Она што е надвор од рамките на законот за попис е предмет на методологијата, стручна работа. Граѓаните за да бидат сигурни дека ние како институција нема да подлегнеме под било какви политички притисоци и да креираме или нечии желби да задоволуваме, ние методологијата ќе ја направиме јавен документ. За прв пат ќе биде објавена во Службен весник и ќе може да види што пишува, кои се стандардите и што ние мора да испочитуваме. Има казни за лажни податоци, не давање податоци, има казни за притисок од друг аспект . Ако некој политички субјект јавно наложи на граѓаните да постапуваат надвор од правилата што се во законот. Ние ќе бидеме задоволни и среќни сите политичи субјекти да дадат поддршка на пописот, но не и да се врши притисок. Првиот што ќе даде лажни податоци или ќе бојкотира ќе добие кривична пријава, изјави Апостол Симовски.

Поврзани новости