Над илјада лица уапсени на протестите во Москва

by fokus

Во центарот на Москва денеска се собраа повеќе од 40.000 луѓе во знак на поддршка за упасениот опозициски лидер Алексеј Навални.

Протестите, кои се забранети од руските власти, беа организирани во повеќе градови низ Русија, а некои медиуми наведуваат дека се уапсени околу 1.090 луѓе, меѓу кои и Љубов Собољ, блиска соработничка на Навални и член на неговиот адвокатски тим.

Полицијата употребила сила на протесетите, а демонстрантите одговориле со фрлање снежни топки.

Над 200 демонстранти се приведени во рускиот Далечен исток и во Сибир, а невладината организација ОВД-Инфо, која ги следи политичките апсења, соопшти дека најмалку 48 луѓе се уапсени на денешните протести во Владивосток и Хабаровск.

Навални, најголемиот политички противник на рускиот претседател Валдимир Путин, е уапсен на 17 јануари при враќањето од Германија на аеродромот Шереметјево во Москва, каде што пет месеци се лекувал од труење со нервни агенси.

Поврзани новости