630
Директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски вели дека со пописот се дава можност да бидат попишани сите државјани на Македонија без разлика дали се присутни или отсутни од државата. Според него, ќе се попишуваат и странските државјани кои престојуваат во Македонија, освен дипломатскиот кор и на лица кои што немаат документи.
-Тука не се мисли на странци кои немаат македонски документи, туку на лица, околу 1.100 лица ако не се лажам кои се евидентирани од страна на МВР и Министерството за труд и социјална политика. Тоа се лицата што ги попишуваме, меѓутоа, друга работа што значат категориите на население – вели Симовски на Сител.