Симонида Црвенкова, Драган Јакимовски од Оддел за бели дробови и Мери Пешевска од Оддел дојка се тројцата лекари осомничени за помагање во делото „Измама“

by Fokus

Симонида Црвенкова и Драган Јакимовски, двајцата од Одделот за бели дробови, како и Мери Пешевска од Оддел дојка се тројцата лекари, кои се осомничени за делото „Измама“, но за помагање, неофицијално дознава „Фокус“.

Според обвинителството, од денес се отвора истрага против претмина, меѓу кои како првоосминичен е екс директорот на клиниката Нино Васев, како и еконономскиот директор во тоа време Нехат Нухи.

Од ОЈО Скопје до Основниот кривичен суд е доставен предлог на ексмедицинскиот и ексорганозацискиот директор да им бидат определени мерки на претпазливост, со кои се бара да им бидат одземени пасошите и да им се забрани напуштање на живеалиштето, а за Васев и оддалечување од работното место.

За тројцата доктори онколози Обвинителството не побарало никакви мерки за обезбедување на присуство бидејќи тие се осомничени за помагање.

Делата за кои се осомничени двајцата поранешни директори, според доказите што ги прибрало Обвинителството во текот на предистражната постапка, ги сториле во периодот од 2017 до 2022 година.

Ирена Мулачка

Поврзани новости