Симевски: Набавена е опрема за пописот, треба да се формираат комисиите

by Фокус

Ние мораме да направиме попис, не заради Евростат или Обединети нации, туку заради нас, бидејќи на оваа држава ѝ требаат податоците кои ги немаме 18 години, рече Апостол Симевски, директор на Државниот завод за статистика, на ТВ 24. Тој истакна дека сите подготовки течат и трошењето на финансиските средства оди независно од законот.

„Буџетот и трошењето на средствата не се врзува со носењето на законот. Набавена е целата опрема, таа е во Заводот, софтверското решение е завршено. Она што ни е важно и врзано со законот, е организацијата на теренот. Треба да се формираат реонските пописни комисии кои ќе имаат логистичка улога – рече Симевски.

Со пописот, нагласи тој, ќе бидат опфатени државјани на Северна Македонија кои имаат живеалиште или престојувалиште во државата, без разлика дали се тука или во странство во моментот на пописот, потоа странски државјани кои престојуваат во државата со одобрение на престој и лица без државјанство кои во моментот на спроведување на пописот се затекнати во државата.

Поврзани новости